– изработува модели на услуги кои ќе бидат развивани во соработка со воспитувачите, наставниците, директорите на училиштата, единиците на локалната самоуправа и родителите на децата и на учениците согласно со потребите на училиштето, ученичкиот дом или друга воспитно-образовна установа, – дава стручна помош на децата и на учениците кои имаат потреба од детски психолог преку одржување директни контакти или на друг начин, зависно од видот на проблемот, – организира работилници и обуки за правилен развој на децата и учениците и правилно искористување на расположливите ресурси во воспитно-образовните установи, – развива децентрализирана мрежа на детски психолози кои директно или индиректно ќе им помагаат на децата, учениците, родителите, воспитувачите и наставниците во постигнување квалитетно ниво на личен, психолошки, социјален, културен и воспитно-образовен развој на децата и учениците од членот 1 на овој закон, – дава стручни мислења на министерот за образование и наука (во натамошниот текст: министерот) за развојот на воспитната и образовната политика во Република Северна Македонија, – ги следи најдобрите европски практики во детската и образовната психологија и согласно со искуствата развива најсовремени програми и алатки за решавање на актуелните проблеми во воспитно-образовните установи, – поттикнува и организира проекти поврзани со развивање на квалитетна воспитно-образовна психологија во воспитно-образовните установи, – предлага мерки и планови за промовирање на менталното здравје на децата и на учениците, – соработува со родителите, децата, воспитувачите, учениците и со наставниците, учествува во советувањето на родители и да предлага мерки за надминување на појавените конфликти, – до министерот предлага Програма за советување на родителите, – дава стручно мислење за асоцијално или антисоцијално однесување на ученикот, односно неморално или неетичко однесување на ученикот, кога родителот е поканет на советување за такво однесување на ученикот, – обезбеди присуство на свој вработен кога родителот, односно старателот на ученикот повеќе од двапати е повикан на советување, – поднесува предлог за поведување на прекршочна постапка за родителите кои на се јавиле на поканата за советување и истите не го оправдале своето отсуство, – врши евалуација на карактеристики на личност за подобност за работа со деца и адолесценти во воспитно-образовната дејност (тест на личноста), – предлага мерки за јакнење на поддршката, грижата и развојот на здрава работна средина во воспитно-образовните установи, – соработува со директорите на ученичките домови, основните и средните училишта и континуирано да бидат запознаени со проблемите кои се појавуваат меѓу децата, меѓу воспитувачите и децата, меѓу учениците, меѓу учениците и наставниците, меѓу наставниците и родителите, како и меѓу учениците, родителите и наставниците, а кои негативно се одразуваат на психолошкиот, социјалниот и воспитно-образовниот развој на децата и учениците, како и да предлага конкретни мерки за надминување на проблемите, – промовира програми и мерки за развој на психолошкиот, социјалниот, културниот и воспитно-образовниот потенцијал на учениците, – предлага програми и мерки за поквалитетен психолошки, социјален, културен и воспитно-образовен развој на учениците со посебни образовни потреби, – врши стручно-административни работи за Националната комисија за учебници, – распишува јавен оглас за рецензенти за ракописите за учебници и врши избор од пријавените кандидати и – објавува каталог на одобрени учебници за употреба на веб страницата на Министерството.